Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Месут Озил, нема намера да си замине на крајот на сезоната. Поранешниот репрезентативец на Германија не е загрижен околу шпекулациите дека ќе биде продаден во текот на летото.
„ Да, сакам да останам. Имам договор за уште две години, не знам што ќе се случи потоа. Среќен сум во Арсенал и сакам да му помогнам на клубот да направи врвни резултати” – изјави Озил.
„Немам никакви проблем со тренерот Емери. Секогаш се јавуваат гласини, но, тие што се внатре во тимот ја знаат вистината. Се разбира дека не сум задоволен кога не играм. Јас сакам да бидам на теренот на секој меч“ – вели интернационалец во редовите на „топчиите“.