Фудбалерот, Месут Озил, ќе остане во Арсенал до крајот на неговиот договор, изјави агентот на Германецот, Еркут Согут.
31-годишниот плеј-мејкер кој има најголема плата на „Емирати“ се поврзуваше со можен трансфер во Фенербахче, но, тоа очигледно нема дасе случи. Озил, кој добива 350.000 фунти неделно ќе си замине како слободен агент во летото во 2021 година.
„Месут има договор за уште една година. Нема да има промена. Тој и неговото семејство тие ќе донесат одлука. Сега не можам да зборувам за Фенербахче затоа што немам право да го сторам тоа “, рече Согут