Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Озил стана најефикасниот германски играч во Премиер лигата
    Фудбал

    Озил стана најефикасниот германски играч во Премиер лигата

    risteBy riste23/10/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Голот на Месут Озил за Арсенал при синоќешната победа од 3:1 над Лестер го направи Германецот лидер според бројот на постигнати голови на еден германски интернационалец во историјата на Премиер лигата. Тоа беше гол број 30 во англиското првенство за фудбалерот, за кого ова е шеста сезона на Островот.

    Така тој го остави зад себе Јирген Клинсман и Уве Рослер, кои имаат по 29 погодоци во англиската елита. Токму Клинсман имаше најмногу голови во една сезона во Премиерлигата во дресот на Тотенхем во 1994/95, кога постигна 21 гол, а во 1997/98 беа постигнати останатите негови осум гола, откако се врати во клубот по настапот во Баерн (Минхен ) и Сампдорија. Рослер ги постигна своите 29 погодоци за Манчестер Сити во периодот 1993 – 1996 година.

    Топ пет на германските голгетери во Премиер лигата ја дополнуваат Роберт Хут (19), Лукас Подолски (19) и Михаел Балак (17). Вкупно 32 Германци може да се пофалат дека постигнале гол во Премиер Лигата.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.