По сите перипетии, Александар Исак заминува во дресот на Ливерпул. Њукасл се согласи да го продаде 25 -годишниот напаѓач во редовите на англискиот шампион. Според информациите објавени утринава, страните постигнале договор за трансферот.
Ливерпул ќе плати фиксна сума од 125 милиони фунти, со што вкупниот износ на зделката, вклучувајќи ги и заедничките плаќања, ќе достигне 130 милиони фунти.
Фудбалерот ќе ги помине медицинските прегледи денеска, по што ќе потпише шестгодишен договор со Ливерпул.
Трансферот на Исак во Ливерпул ќе стане рекорден трансфер во англискиот фудбал, бидејќи ќе го надмине трансферот на Флоријан Вирц, за кого Ливерпул плати 116 милиони фунти.

