Португалскиот фудбалски напаѓач, Бруно Фернандеш, ќе биде ново име на – „Олд Трафорд“ откако Манчестер Јунајтед и Спортинг ги договориле сите детали.
Фудбалерот денеска треба да ги помине задолжителните лекарски прегледи и да потпише за „црвените ѓаволи“. Неговиот трансфер е вреден 62 милиона фунти. Фернандеш во последната сезона во Португалија имаше ефект од 32 гола и 18 асистенции, со што го привлече вниманието на тренерот на англичаните, Оле Гунар Солскјер.
Според најавите, Манчестер Јунајтед набрзо треба да го договори трансферот и на Милинковиќ-Савиќ.