Само четири одиграни кола беа потребни за да падне првата менаџерска жртва во Премеир лигата. Повратникот во англиската елита, Бурнмаут, сезоната ќе ја продолжи со нов менаџер, откако раководството на клубот реши да му врачи отказ на младиот стратег Скот Паркет.
Клубот минатата сезона одигра фантастчно во Чемпионшип и обезбеди промоција во Премиер лигата, но во елитата тргна катастрофално лошо. Секако дека немаше се да биде вака доколку не се случеше катастрофата од 9:0 со Ливерпул.
„Би сакале да ја искажеме нашата благодарност до Скот и неговиот тим за напорите за време на нивното време со нас. Нашата промоција во Премиер лигата минатата сезона под негово водство секогаш ќе остане запаметена како една од најуспешните сезони во нашата историја. Но, сега сакаме да напредуваме и затоа се решивме на ваков потег“, се вели во соопштението на клубот.
Привремена замена на Скот Паркер ќе биде Гери О’Нил.