Челзи го комплетираше трансферот на Марко Палестра. Марко Палестра ќе ги помине медицинските прегледи во Челзи денеска, по што ќе го потпише договорот со лондончани.
21-годишниот дефанзивец на Аталанта ќе потпише договор до јуни 2032 година, со можност за продолжување на договорот за една година.
Претходно беше објавено дека Челзи ќе плати повеќе од 55 милиони евра за Италијанецот. Палестра минатата сезона ја помина на позајмица во Каљари. Во 37 натпревари од Серија А во текот на сезоната 2025/26, тој постигна еден гол и имаше четири асистенции.

