Раководството на Палмеирас го разреши тренерот на тимот Луис Фелипе Сколари поради незадоволителните резултати.
Екипата од Сао Паоло не успеа да победи на ниту еден натпревар од Бразилскиот шампионат во последните седум кола, а беше елиминиран од Гремио минатата недела во четвртфиналето на Копа Либертадорес. 70-годишниот тренер го водеше тимот трет пат во својата кариера, освојувајќи ја националната титула минатата сезона. Сколари беше предводник на репрезентацијата на Бразил при освојувањето на светската титула во 2002 година.
Тој беше селектор на Бразил и на Мундијалот во 2014 година, на кој Јужноамериканците беа домаќини и стигнаа до полуфиналето, каде претрпеа понижувачки пораз од Германија.