Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер, на некој начин се пофали преку социјалните мрежи дека ќе го продолжи договорот со „сините“ до летото во 2033 година.
Англискиот репрезентативец пристигна кај лондончани во претходното лето од Манчестер Сити за 40 милиони фунти плус бонуси во износ од уште 2,5 милиони.
Палмер во дебитантската сезона за екипата од стадионот – „Стемфорд Бриџ“ успеа да одигра 45 мечеви на кои даде 25 голови и направи15 асистенции

