Претседателот на фудбалскиот состав Рома, Џејмс Палота, негира дека голманот Алисон ќе го напушти тимот по крајот на сезоната. Американскиот сопственик пристигна во главниот град на Италија за да го гледа денешниот реванш со Барселона во елиминациската фаза на најкомерцијалниот европски турнир.
„Зошто треба Алисон да си замине? Тој има договор со тимот и има одлични квалитети. Не гледам причина да го напушти тимот” – вели Палота.
„Мислам дека одигравме одлично во првиот дуел со Барселона. Немавме среќа и си постигнавме два авто-гола. Не ни беа досудени и два пенала. Имаше игра со рака и требаше да добиеме пенал. Момците играа добро” – заврши претседателот на Рома.