Претседателот на фудбалскиот состав Рома, Џејмс Палота, ја славеше историската победа против Барселона заедно со фановите на плоштадот во Рим. Неговата радост беше толку голема што и тој се фрли во една од фонтаните.
„Никогаш не сум ја видел Рома да одигра толку доминантно против еден противник. Немавме среќа во првиот меч, со недосудени пенали и се останато. Тоа што се случи вечерва беше неверојатно“, изјави Палота.
Рома сега ќе го чека противникот за наредната фаза во Лигата на шампионите.