Фудбалерот за врска на фудбалската репрезентација на Панама, Алберто Кинтеро се повреди и нема да може да му помогне на својот тим на Светското првенство во Русија. Веста ја потврдија и од Федерацијата на Панама.
30-годишниот Кинтеро беше дел од финалниот список на селекторот на Панама, но се повреди на последниот тест со Норвешка. Лекарите дијагностицираа фрактура на метатарсалната коска на десната нога на фудбалерот, поради што тој мора да оди на рехабилитација.
Панама премиерата на СП во Русија ќе ја има против белгија на 18 јуни.