Доцна синоќа во хотелот „Александар Палас“ се одржа премиерата на документарниот филм – „Патот на Кобра до ѕвездите“ посветен на иконата на мак-фудбалот Дарко Панчев. На истата беа присутни дел од легендарните играчи на Вардар и Црвена Ѕвезда.
Дејан Савичевиќ, Драган Стојковиќ Пикси, Драгиша Биниќ, Бошко Ѓуровски, Васил Рингов, Кочо Димитровски, Вујадин Станојковиќ, Илија Најдовски … Филмот кој во септември како серијал ќе се прикажува на „Спортклуб“, зборува за животот и успесите на популарната -„кобра“.
Меѓу видните гости беа и архиепископот на МПЦ, господин-господин Стефан, селекторот Благоја Милевски како и повеќе личности од општественото живеење во Македонија.