Германскиот национален фудбалски тим ја реализира најлошата година гледано во неговата историја.
Избраниците на Јоаким Лев вчера загубија од Франција во Лигата на нациите со 2 спрема 1 со што поставија анти-рекорд. За прв пат Бундестимот претрпел 6 порази во рок од една година.
Од почетокот на 2018-та, Германија загуби од Бразил, Австрија, Мексико, Јужна Кореја, Холандија и Франција. Вкупниот ефект на „панцирите“ е 3 победи, 2 нерешени и 6 порази.