Германската фудбалска репрезентација не доби дозвола да тренира на стадинот –„Вембли“ пред мечот со Англија во осминафиналето на Евро 2020.
Изговорот на домаќинот е дека тревата на стадионот во Лондон може да биде оштетена. Од истата причина, екипите на Австрија и Италија исто така беа принудени да бараат други терени за нивните активности пред денешниот дуел.
Дербито меѓу Англичаните и Германците е во вторник во 19 часот а екипата на Јоаким Лев ќе лета на Островот од Нирнберг доцна попладне в понеделник. Победникот од мечот ќе игра во четвртфиналето со подобриот од дуелот меѓу Шведска и Украина.

