Капитенот, Горан Пандев, кој утре против Летонија ќе го одигра 100. натпревар во дресот на националниот тим, вели дека посакува со победа да го прослави јубилејот.
„Среќен сум затоа што за Македонија ќе го играм 100. натпреевар. Но, најважно од се е да влеземе мотивирано и да победиме. Се надеваме на поддршка, затоа што оваа генерација тоа го заслужува. Ја вративме самодовербата во последните години. Играме како едно семејство. Се надевам дека ќе успеам да постигнам гол, но најважно од се ми е да победиме“ – изјави Пандев.
Пандев дебитираше за Македонија во 2001 година, на натпревар против Турција во Бурса кој заврши без победник (3-3). Тој досега постигна 33 гола со што е најдобар стрелец во тимот.