Капитенот на нашата фудбалска репрезентација, Горан Пандев, пред дуелот со Полјаците во квалификациите за ЕВРО 2020, потенцира дека фудбалерите треба да го следат примерот на ракометарите на Вардар и да се обидат да ги израдуваат навивачите.
„Атмосферата е одлична, се подготвуваме максимално, победа против Полска може да ни го отвори широко патот кон ЕП. Вардар направи голем успех, Македонија покажа дека живее за спортски успех, се надевам дека и ние дека можеме да направиме историски пласман на Европско првенство“ – вели Пандев.
Во пресрет на дуелот од третото коло во нашата група, Полска е лидер на табелата со две победи додека Македонија има еден триумф и едно реми.