Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Пандев до фановите: Сакам сите да ве гушнам, заврши едно прекрасно поглавје !
    Фудбал

    Пандев до фановите: Сакам сите да ве гушнам, заврши едно прекрасно поглавје !

    risteBy riste22/09/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По дваесет години поминати во професионалниот фудбал, еден од најдобрите спортисти во историјата на Македонија, Горан Пандев, денес и официјално стави крај на својата богата играчка кариера.

    39-годишниот Пандев крајот на својата фудбалска кариера го најави во интервју за „Газета дело Спорт“, а на социјалните мрежи објави видео од неговите најубави и најважни голови и со емотивна порака им се заблагодари на сите за поддршката.

    „Погледнувам назад и сè уште не ми изгледа реално. Ова беше неверојатно патување. Толку многу емоции носам во себе и сакам да ги споделам со сите што ме поддржуваа на ова патување. Им благодарам на моето семејство, сопругата Надица, децата Филипо, Ана и Софија кои ми беа најголема поддршка. Им благодарам на моите родители и на мојот брат што ми овозможија да го остварам мојот сон. Им благодарам на сите мои фанови, од прв до последен сакам сите да ве гушнам. Завршува едно прекрасно поглавје. Во мене носам едно големо богатсво со емоции . Со цело мое срце… Горан“, напиша Пандев.

    За најдобрата македонска репрезентација одигра 122 натпревари и со 38 гола е прв стрелец во нашата репрезентација. Дебитираше во далечната 2002, а токму под негово водство како капитен Македонија се избори за историски пласман на едно Eвропско првенство. Тој го постигна погодокот вреден виза за континенталниот собир, а потоа и дебитантскиот гол на Македонија на тоа Европско првенство.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.