Македонија ја очекува важен натпревар во Лигата на нации, а тоа го потенцираше и капитенот Горан Пандев.
На прес-конференцијата Пандев истакна дека е оптимист за оваа срдба од која очекува победа.
„Овој натпревар со Ерменија мислам дека е најзначаен натпревар во нашата група. Се работи за доста квалитетен ривал. Ние се подготвуваме исто како и за сите мечеви. Треба да излеземе и да го дадеме максимумот на оваа средба, ако сакаме да победиме пред нашата публика“, истакна Горан Пандев.
Нашиот капитен на средбата со Гибралтаро одигра само 45 минути и ги штедеше силите токму за овој натпревар со Ерменија.