Нашиот фудбалски интернационалец, Горан Пандев, кој неодамна го реалзиираше и 400-от натпревар во италијанската Серија „А“, влезе во идеалниот состав на Интер според изборот на престижниот – „Goal.com“.
Во него се вметнати само фудбалерите кои потекнуваат од школата на клубот. Нашиот Пандев ги исполнува сите критериуми за да биде на списокот бидејќи ги помина сите младински категории во редовите на „нероаѕурите“.
Македонија утре против Летонија ќе го одигра воведниот меч во новиот циклус квалификации за европското првенство. Тоа ќе биде шанса за Пандев да го реализира и 100-от настап во дресот на нашата фудбалска репрезентација.