Нашите фудбалски интернационалци кои настапуваат во Серија „А“, Горан Пандев и Елиф Елмас имаат негативни тестови за ковид-19 и ќе можат да играат за Македонија на баражот со Косово.
Откако повеќе членови на Џенова беа позитивни на корона-вирусот по неделниот меч со Наполи, во двата тима е направено ново тестирање.
Пандев има два негативни теста додека во Наполи нема ниту еден позитивен. Утре според протоколот ќе бидат напревени и нови тестови.

