Македонскиот фудбалски интернациоанелц, Горан Пандев, синоќа во дресот на Џенова ги одигра последните 25 минути од мечот во Рим против Рома а неговиот состав загуби со 3 спрема 2.
Пандев прво имаше одлична шанса а потоа во 93-та минута беше турнат во шеснаесетникот од Флоренци. Сепак, судијата реши дека нема елементи за пенал и не сакаше да ја искористи видео-технологијата ВАР, со што ги разбесни сите во Џенова.
„Чист пенал! Барав да има ‘ривју’ со ВАР. Сето тоа беше грешка на судиите. Тоа е голема грешка и многу ми е жал. Не заслуживме да загубиме. Требаше да освоиме бод(ови)“, вели Пандев за спортниот момент.

