Горан Пандев кој вчера го одработи првиот тренинг во екипата на Парма, ги искористи социјалните мрежи да се прости од фановите на Џенова.
„Чувствував дека е време да заминам, никој не ме присили да го сторам тоа. Би сакал да се вратам и да ве поздравам како што треба, на „Мараси“, уште еднаш, да ја слушнам публиката за последен пат. Ви благодарам за емоциите кои ми ги дадовте. Засекогаш Џенова!, -напиша Пандев на социјалните мрежи.
Тој во новиот клуб ќе го носи дресот со бројот 27.