„Да, ова ми е последна сезона. Во јуни одам во пензија“ – вели нашиот фудбалер Горан Пандев во интервјуто за „Кориере дело Спорт“.
Популарниот Гоче по завршувањето на ЕП и историскиот настап на нашата репрезентација, најави дека се повлекува од националниот дрес и дека ќе остане на терените само со клупски ангжман.
„Продолжив поради луѓето, ќе ми беше жал да ставев крај на кариерата пред празни трибини.Навивачите на Џенова секогаш ме поддржуваа па заслужуваат да им кажам благодарам, исто како што треба да му се заблагодарам на Прециози кој ме убеди да останам“ – вели Пандев со напомена, дека не размислува да влезе во тренерските води.
