Нашата фудбалска легенда, Горан Пандев, денеска од 18 часот со неговата Џенова ќе го има првиот натпревар во новата сезона во Серија А .
Популаниот „Гоче“ ќе гостува кај бранителот на титулата, екипата на Интер која во текот на летото остана без двајца значајни фубалери, Лукаку и Хакими.
Ќе потсетиме дека во најсилниот фудбалски шампионат на „Чизмата“, нашава земја ќе има уште двајца претставници, тоа се: Илија Несторовски кој игра за Удинезе и Елиф Елмас кој го носи дресот на Наполи.