Горан Пандев изненадувачки ќе ја напушти Џенова и до крајот на сезоната ќе ги брани боите на второлигашот Парма, објави вечерва –„Скај Спорт Италија“.
Се работи за позајмица до крајот на сезоната. Доколку трансферот се реализира, популарниот Гоче на „Енио Тардини“ ќе биде во друштво со легендарниот голман на Италија и Јувентус, Џанлуиџи Буфон.
„Млекарите“ се на 12-то место во Серија „Б“. Пандев на Чизмата има богата кариера откако беше дел од Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Џенова.