Горан Пандев откако беше назначен за спортски директор на сите македонски фудбалски репрезентации, поднесе оставка од функцијата претседател на прволигашот Брера Струмица.
„Од секогаш сум верувал дека македонскиот фудбал има огромен потенцијал, но за тоа е потребен сериозен и професионален пристап. Нашите репрезентации треба да бидат нашата гордост и светост а нивниот развој треба да се гради со континуитет“ – вели Пандев.
„Убеден сум дека новото раководство ќе ја внесе потребната енергија и насока, за која ќе се гордееме сите како нација“ – изјави Пандев.

