Нашиот фудбалски интернационалец, Горан Пандев, во последното интервју наведе кој бил клучниот фактор за продолжување на соработката со италијанскиот состав Џенова.
„Сакам да му заблагодарам на претседателот на клубот, тренерот и стручниот штаб, моите тимски колеги и сите навивачи на клубот. Поради вашата поддршка, ме убедивте да останам уште една сезона. Со нетрпение ја чекам новата сезона на „Луиџи Ферарис“, напред Џенова“ – порача Горан Пандев.
Ќе потсетиме дека популарниот, Гоче, по настапот на ЕУРО 2020 најави дека ќе се прости со репрезентативниот дрес.

