Капитенот на нашата фудбалска репрезентација, Горан Пандев, очекува победа на дуелот со Лихтенштајн со кој ќе се прослави јубилејот – 25 години од првиот официјален меч на нашата селекција.
„25 години секако дека е еден голем јубилеј за мак- фудбалот. Мислам дека треба да победиме и потоа без притисок да заминеме за Ерменија“ вели Пандев.
„Се надевам дека ќе има повеќе публика и дека низ Лигата на нации ќе се пласираме на Европско првенство а мене ќе ми се оствари сонот“ – рече меѓу другото нашиот капитен.