Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Пандев потврди: Ќе игра за Македонија на „Турнирот на медиумите“
    Домашен микс

    Пандев потврди: Ќе игра за Македонија на „Турнирот на медиумите“

    risteBy riste01/10/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Како што се ближи одржувањето на големиот ЈУБИЛЕЈ – 30 години „Турнир во мал фудбал на медиумите од Македонија“ во организација на единственото спортско радио во Македонија, Спортското радио 90.3 фм следниот викенд (7-9 октомври), така се комплетираат и екипите.

    Во Скопје ќе биде собрана балканската фудбалска елита, а како дел од  репрезентацијата на Македонија ќе биде и нашиот поранешен капитен и еден од најдобрите спортисти на нашата држава на сите времиња – Горан Пандев.

    Горан Пандев денес го потврди својот настап на „Турнир во мал фудбал на медиумите од Македонија“  како дел од селекцијата на Македонија, која ќе биде составена од бројни поранешни фудбалери, спортисти, естрадни ѕвезди и новинари. Турнирот оваа година ќе биде со несекојдневен спортско-забавен настан со учество на некогашните ведети на фудбалската сцена во поранешна Југославија меѓу кои и репрезентациите на Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.

    Деновиве траат завршните подготовки и во останатите репрезентации кои ќе допатуваат во Скопје, а ние ги очекуваме потврдите од неколку звучни имиња кои треба да бидат дел од селекциите на Македонија, Србија, БиХ и Хрватска како дел од настанот со кој Спортското радио 90.3 фм ќе го одбележи овој јубилеј – 30 години „Турнир на медиумите во мал фудбал“.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.