Нашиот фудбалски капитен, Горан Пандев, посакува пред полни трибини да го одигра квалификацискиот меч против Германија за пласман на Свесткото првенство во Катар во 2022 година. Македонија вчера ги дозна противниците за наредниот квалификациски дел а токму „панцирите“ се најатрактивната селекција која треба да гостува во нашава земја.
„Би сакал да играм со Германија во Скопје пред полни трибини. Имаме квалитет да се бориме за второт место во групата“ – потенцираше Пандев.
Квалификациите за Муднијалот ќе бидат реалзирани од март до ноември во 2021 година а нашата репрезентација покрај со Германците ќе ги одмери силите и со Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.

