Нашиот капитен Горан Пандев не ги криеше емоциите на денешниот официјален брифинг пред утрешниот меч со Австрија на Европското првенство.
„Сите во Македонија, фудбалерите, навивачи, медиуми, јавност го очекувавме овој момент. Верувајте сега сме подготвени да го дадеме срцето за нови радости, затоа што знаеме дека сите погледи се насочени кон нас“ – вели Пандев.
„Беше одамна, но, јас го прифатив предизвикот од селекторот Ангеловски пред шест години кога дојде во Џенова и се договоривме за репрезентативен кам бек. Ми се чини дека тоа беше клучно за овие успеси. Тоа беше предизвик за мене. Желбата е да останеме на турнирот и по групната фаза“ – потенцира Пандев