Капитенот на нашата фудбалска репрезентација Горан Пандев беше лидер на теренот и настапи на средбата со Летонија и покрај болките што ги имаше пред средбата.
Пандев дури успеа да се запише во листата на стрелците и да го отвори резултатот во Рига, а по натпреварот беше среќен што со оваа победа Македонија се враќа во конкуренција за место кое води на ЕП 2020 година.
„Овој натпревар и ппобедата се многу важни за нас. Мислам дека извојувавме една рутинска победа. Важни се овие три бода, сега следат натпреварите против Словенија и Полска и тие мечеви се одлучувачки. Целта беше да освоиме четири бода во овие натпревари, штета што не освоивме повеќе и со победа во Израел, но гледаме понатаму. Борбата за ЕП уште трае“, изјави Горан Пандев по натпреварот во Рига.
Македонија сега ја очекуваа два натпревари во октомври, првиот домашен против директниот конкурент за втората позиција, Словенија, а потоа не очекува гостување во Варшава, кај лидерот во групата Полска.