Пред утрешниот старт на новиот формат на УЕФА натпреварувањето, наречено Лига на Нации, македонската фудбалска репрезентација во Гирбалтар се подготвува за дуелот со домашната селекција. на прес-конференцијата пред мечот, капитенот Горан Пандев истакнал дека овој меч е голема шанса да се почне со победа и да се бориме за историска шанса за учество на едно големо натпреварување.
„Гибралтар е непознат ривал, но ние сме тука за да победиме и да тргнеме со три бода. Оваа генерација која ја има сега Македонија можеби е и најдобрата во историјата на Македонија. Многу од фудбалерите играат во големи клубови и затоа ова е шанса која не треба да ја испуштиме“, вели Пандев.
Селекторот Ангеловски додаде дека нема никакви експерименти со репрезентацијата. Тргнува сонајсилниот состав и очекува победа.
Инаку, за домаќините ова е историски меч, затоа што за првпат ќе играат пред своја публика и на своја земја. Досега Гибралтар натпреварите ги играше во Португалија.