Офанзивниот играч за врска на Аталанта, Алехандро Папу Гомез ќе стане играч на Севиљја. Во текот на денешниот ден Аргентинецот ќе замине во Шпанија на лекарски преглед пред трансферот. За ова информираше и новинарот Џанлука Ди Марцио на својот „Твитер“ .
Објавено е дека Севиља ќе плати 5,5 милиони евра за играчот, уште 3 милиони евра ќе бидат распределени како бонуси. Фудбалерот ќе потпише договор до 30 јуни 2024 година. Вредноста на Гомез се проценува на 15 милиони евра
Иницијатор за потписот на Гомез во Севиља е спортскиот директор на клубот Мончи, кој долго време го следеше Аргентинецот. Самиот Алехандро сакаше да остане во Италија, но Аталанта не сака да ги засили директните конкуренти, па се одлучи да го продаде Гомез исклучиво на странски клуб.
Да потсетиме, неодамна Гомез имаше конфликт со тренерот на Аталанта Џан Пиеро Гасперини, по што 32-годишниот Аргентинец реши да тренира одделно од тимот.

