Аргентинскиот репрезентативец Папу Гомез се уште е без тим откако во последниот ден од летниот преоден рок го раскина договорот со шпанска Севиља.
Интерес за 35-годишниот офанзивен играч за врска имаше и од италијанска Монца, но тој останува слободен агент, објави во својот профил на социјалната мрежа Твитер специјалистот за трансфери Фабрицио Романо.
Папу Гомез го носеше дресот на Севиља во последните две сезони. Аргентинецот потпиша со шпанскиот клуб во 2021 година кога дојде од италијанската Аталанта.