Нашиот параглајдерист, Борјан Јованоски, го освои третото место на Прои Рмахи Опен, ФАИ2 или меѓународниот Параглајдинг натпревар во категорија Крос Кантри кој се одржа во соседна Грција.
На истиот учествуваа 41 пилот од 6 држави (Македонија, Русија, Грција, Бугарија, Кореа и Норвешка.) Македонија екипно освои високо трето место а во натпреварите беа вклучени: Борјан Јованоски со трето место во спортска класа (до ЕН-Ц крила) од Параглајдинг Клуб Делта. Александар Ангеловски со освоено петто место од ПК Делта. Дарко Станковски со четврто место (сите категории) од ПК АКВИЛА. Адам Спиркоски со освоено 4-то место од ПК Скајрајдерс и Борис Данески со освоено 10-то место од ПК Љуботен.
Нашата параглајдинг репрезентација ќе ја претставува државава и на Светскиот Куп во прецизно слетување кој е закажан од 19-21 април во Алања, Турција