Фабио Паратичи кој 11 години беше задолжен за трансфери во екипата на Јувентус пред да замине во Тотенхем, ја коментираше истрагата околу финансиските неправилности кај италијанскиот клуб.
„Малку сум вознемирен и непријатно е да се зборува за тоа. Да бидам искрен, неколку работи не се сосема јасни и повеќе сакам да молчам“ – вели Паратичи.
„Секој има верзија за тоа што се случило но, во моментов работите се прикажуваат еднострано“ – додаде Паратичи.