Леандро Паредес постигна договор со Јувентус за негов трансфер во Торино ова лето.
Според Фабрицио Романо, играчот веќе се согласил да се пресели во Серија А, па Аргентинецот моментално чека договор меѓу клубовите за да може што побрзо да замине во Италија.
Паредес моментално е играч на Пари Сен Жермен, но се чини дека нема да биде уште долго таму, бидејќи за него нема место во новиот тим на тренерот Галтие.