Поранешниот капитен на Валенсија, Дани Парехо сега е официјално играч на Виљареал, објавија од „Естадио де ла Керамика“.
31-годишниот играч од средниот ред го раскина договорот со Валенсија и со тоа и се придружи на „жолтата подморницва“ со бесплатен трансфер. Играчот од средниот ред потпиша договор за 3 + 1 година.
Парехо се пресели во Валенсија во сезоната 2011/12 и зад себе има 381 натпревар и 65 голови. Интересно е што кога го купија бредводник на Валенсија беше Унаи Емери. Емери сега е тренер на Виљареал и повторно го купува Парехо.
Ова е второ засилување за Виљареал во текот на денот, а неколку часа порано стана јасно дека играч на Валенсија ќе биде Френсис Кокелин.