Поранешниот фудбалер на Арсенал, Реј Парлор, кој беше дел од генерацијата што ја освои титулата во Премиер-лигата без пораз, вели дека „топчиите“ треба да го купат играчот на Брајтон, Ив Бисума, кој неколку години настапува во Англија.
„Бисума ги има сите квалитети. Одлично ја конторлира топката, може да асистира и самиот да постигне гол. “ – вели Реј.
„Во иднина очекувам многу од Бисума. Тој има само 25 години и допрва ќе го покаже најдоброто“ -изјавил Парлор кој има реализирано 339 средби за Арсенал и постигнато 9-ет голови.