Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец, Грацијано Пеле, денеска треба да ги помине лекарските прегледи во Парма и да го потпише договорот за една година со опција да му биде продолжен доколку „млекарите“ обезбедат опстанок во Серија „А“.
35-годишниот напаѓач доаѓа како слободен играч откако го напушти кинескиот состав Шандонг Лунег. Пеле по втор пат ќе го носи дресот на екипата од „Енио Тардини“.
Тој играше за Парма 6 месеци во сезоната 2011/12. Неговиот нов тим се наоѓа на претпоследното 19-то место во Серија А