Тренерот на ракометарите на Вардар, Роберто Парондо, вели дека целото внимание ќе биде насочено кон двомечот со Пик Сегед во 1 /4 финалето во Лигата на шампионите иако деновиве првиот човек на тимот, Сергеј Самсоненко, најави дека ќе го прекине финансирањето.
„Не очекуваат два тешки меча. Сакаме да играме на Ф4, мора да играме на нивото, затоа што се работи за добар тим. Уверен сум дека играчите ќе го дадат најдоброто“ – вели шпанскиот тренер.
„Сегед го познаваме, работиме напорно за да го покажеме најдоброто. Станува збор за многу добар состав“ – изјави Парондо.