Арсенал потврди дека го купил фудбалерот, Томас Парти од Атлетико Мадрид за 50 милиони евра. Трансферот е реализиран практично во последните минути пред затворањето на преодниот рок.
Парти откако ги помина задолжителните лекарски прегледи прво ќе ги заврши обврските со селекцијата на Гана а потоа ќе му се приклучи на лондонскиот состав.
Парти е главно играч кој дејствува на средината на теренот но, знае да биде максимално активен и во нападот.

