Томас Парти оваа сезона не се наигра во дресот на Арсенал, особено откако тимот го доведе Деклан Рајс. Сега играчот од средниот ред можеби е на пат да го напушти лондонскиот клуб, бидејќи е фрустриран од ситуацијата.
Според англиски извори, тој вече размислува за заминување од Лондон во јануари. Меѓу другите, за него би требало да биде заинтересиран Јувентус кој сака да го ангажира на позајмица.
Интерес ќе има и кај Њукасл, кој бара замена за суспендираниот Тонали. 30-годишниот Томас Парти има договор со Арсенал до летото 2025 година.