Поранешната голема надеж на бразилскиот фудбал, Александре Пато, по раскинувањето на договорот со кинески Тајџин, успеа веднаш да пронајде нов клуб и својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Сао Паоло.
Во последниот период за неговиот потпис се бореа екипите на Коринтијанс и Сантос, но 29-годишниот напаѓач се реши да се врати во Сао Паоло, каде настапуваше пред пет години.
Информациите кои доаѓаат од Бразил велат дека, Сао Паоло беше најконкретен во понудата, откако прифатил да го плати обештетувањетео од 2,5 милиони евра, кое Пато сам го регулирал за да го раскине договорот со кинескиот тим.
Пато нема да има право да настапува во државниот шампионат Паулиста, бидејќи рокот за пријавување на играчи во овој шампионат беше до 22 март, па така на тимот ќе може да му се приклучи само во бразилската Серија А, која својот старт ќе го има за две недели.
