Македонската фудбалска репрезентација ја совлада Малта со 2-1 и ги освои првите бодови на стартот на новиот циклус квалификации за Европското првенство во 2024 година.
Головите за Македонија ги постигнаа Елмас во 66-та и Чурлинов во 72-та минута додека за гостите погоди Јаник во самиот финиш на мечот. Во вториот дуел во групата, Англија славеше на теренот на Италија со 2:1. Головите за „Гордиот албион“ ги постигнаа Рајс и Кејн од пенал додека за „аѕурите“ погоди дебитантот, Ретегуи.
Македонија вториот дуел во групата „Ц“ ќе го одигра на 16 јуни на домашен терен со Украина.