Дефанзивецот на Лацио, Патрик доби казна за настап од 4 натпревари поради тоа што го гризна противничкиот фудбалер Донати од Лече за време на синоќешниот натпревар помеѓу двете екипи, за што му беше додаден црвен картон во дополнителното време.
Покрај казната за настап од 4 натпревари, Дисциплинската комисија му изрече и парична казна на играчот во висина од 10 000 евра. Шпанецот ќе ги пропушти натпреварите против Сасуоло, Удинезе, Каљари и Јувентус.
За споредба, за истиот прекршок во минатото, Луис Суарез беше казнет за неиграње на 10 натпревари во Премиер лигата за неговото гризање на Бранислав Ивановиќ, како и забрана од 4 месеци за учество на било какви натпревари, откако го гризна Џорџо Киелини за време на СП 2014 година.