Поранешниот фудбалер на Арсенал и француската репрезентација Патрик Виеира ќе биде новиот тренер на Ница.
Двете страни се согласија да потпишат тригодишен договор. Тоа најверојатно ќе биде официјализирано следната недела, бидејќи тренерот, кој во моментов е на чело на Њујорк Сити, има натпревар од МЛС против Атланта.
Виеира ја започна тренерската кариера во 2013-та година, кога застана на чело на вториот тим на Манчестер Сити, а во 2016-та се пресели во Америка, за да го преземе овој тим.
Во Ница тој ќе го замени на функцијата Лусиен Фавре, кој се врати во Германија, за да го води тимот на Борусија (Дортмунд).