Привлекувањето на дефанзивецот на Виљареал, Пау Торес е врвен приоритет за Манчестер Јунајтед во текот на летото, пишува „АС“. Не е тајна дека „црвените ѓаволи“ бараат нов централен дефанзивец и се чини дека клубот одлучи дека ќе ги насочи своите напори кон репрезентативецот на Шпанија.
Привлекувањето на Торес исто така може да биде полесно од кое било од другите трансфер цели на Јунајтед. Договорот на 24-годишниот фудбалер има откупна клаузула вредна 50 милиони евра и е доста поволна за англискиот гигант. Голем проблем, сепак, може да биде желбата на самиот дефанзивец.
Се вели дека Торес нема многу желба да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, затоа што би сакал да остане во Шпанија. Тој се споменува како опција да го замени Серхио Рамос во Реал Мадрид доколку ветеранот замине од Мадрид ова лето.

